Ќе нема повисоки плати за функционерите со буџетот за в година, вели Битиќи

Со новиот буџет, за 2024 година, што веќе е во завршна фаза, ќе нема средства за повисоки плати на функционерите, рече вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

Според него, избраните и именуваните функционери нема да се откажат од покачувањето на платите за 10 отсто, туку Владата ќе одлучи да нема зголемување.

Вицепремиерот истакна дека во 2025 година ќе има целосно нова методологија за плати според која, платата во јавниот сектор ќе се пресметува со истата методологија по која се пресметува и платата на избраните и именуваните лица. В година, пак, јавниот сектор ќе го добие зголемувањето на платите што ќе го издејствува преку гранковите колективни договори кои не може да бидат спротивни на Општиот колективен договор.

-Беше најавено дека поради методологијата, следната година сите функционери ќе добијат повисоки плати, но тоа нема да се случи. Има скратување и во други области во кои гледаме дека има непродуктивни трошоци зашто буџетскиот дефицит конечно ќе го доведеме во тоа што го имаме проектирано со среднорочниот план, а капиталните инвестиции ќе останат многу повисоки од планираниот буџетскиот дефицит. Всушност, се испостави дека не може со еден закон да се адресираат сите 1.260 функционери и дека се потребни седум измени во законите зашто, на пример, измената во еден закон значи дерогирање на одредени права од друг закон. Мислам дека Работната група наскоро ќе има предлог кој ќе биде доставен во Владата за потоа да се испроцесира до Собранието, истакна вицепремиерот, одговорајќи на новинарски прашање по промоцијата на проектот „Зелен финансиски инструмент за подобрување на квалитетот на воздухот и борба со климатските промени во Северна Македонија“.