Ќе носите маска додека се возите во кола

На денешата прес-конференција, владините портпароли Арсовски и Хоџа, информираат дека и натаму останува правилото за носење маска во автомобил, доколку патниците не се од истото семејство.

– За оваа мерка не беше разговарано на вчерашната седница на владата, па поради тоа, да треба да носат маски во автомобил лица кои не се од исто семејство – рече портпаролот Хоџа.

Инаку за потсетување носењето на заштитни маски е задолжително доколку во возилото се возат повеќе од еден патник, а не се од истото семејство.

– Ова не се однесува за возач кој е сам во возилото. Во автомобил кој не е наменет за комерцијални цели, односно е семејно возило е дозволено да се возат до четворица возрасни патници или двајца возрасни и деца, доколку тие се од исто семејство. Ограничувањето за возач и двајца патници во возило се однесува за возила со кои приватни компании и трговски друштва извршуваат теренски активности или вршат достава – стои во претходно објавената мерка.