„Единственото прашање е какви ќе бидат безбедносните гаранции и искрено сакам да имаме разбирање пред разговорите. Ако тој (Трамп) може да ја гарантира силна и неповратна безбедност за Украина, ние ќе тргнеме по овој дипломатски пат“.
„Ова го изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, во интервју за Блумберг во средата. Тој вели дека сака да издејствува Трамп да се обврзе да ја брани Украина, пред да седне со Русија на преговарачка маса.
Додека Зеленски вели дека можеби би преговарал, според украинскиот министер за надворешни работи Андреј Сибиха, останува на сила указот од 2022 година, со кој на Зеленски му се забрануваат било какви преговори со Путин. Тоа се случи откако Русија ги припои окупираните украински области Доњецк и Луганск, заедно со Херсон и Запорожје.