Ќе растат сите плати во Македонија, вели Мицкоски, а нема да растат функционерските плати

Ќе растат сите плати во Македонија, ќе растат платите на сите вработени, а нема да растат платите на функционерите. Тоа го кажавме и тоа ги правиме, правиме измена на Законското решение со кое што нема да има покачување на функционерските платаи. Оваа законска измена наскоро ќе биде пред пратениците, најави премиерот Христијан Мицкоски.

-Ќе се бориме сите вработени во државата да добијат повисоки плати и ќе работиме на тоа, но тоа право нема да го имаат функционерите. Дали е тоа исправен чекор? Јас ценам дека е тоа исправен чекор иако постои дебата и така ќе продолжиме да работиме и во иднина, во интерес на граѓаните и на сите оние кои што не гласале и имаат доверба во нас како Влада.