Ќе се борам за секој еден проект и секој еден од вас ќе има пристап до мене, ветува Перински

Во животот секогаш сум се борел за успех. Ова се ретките прилики кога може да се создава за народот и државата,вели новиот министер Златко Перински.

Долги години секој од вас даваше за државата, време е таа да ви врати. Како министер за локална самоуправа заедно со општините ќе работиме на создавање на проекти и вредности кои ќе значат решенија на долгогодишните проблеми.

-Ќе се борам за секој еден проект и секој еден од вас ќе има пристап до мене и ќе има отвореност од моја страна за секој ваш предлог или проблем.

Следуваат многу убави работиз нови проекти за локалниот развој. Мора да ја смениме сликата за почитиката затоа што институциите ви перпаѓаат вам.

Апатијата, разочараноста ја чувствуваме сите, во хаосот кој го наследуваме од претходниците за жал живееме сите. Ние сме дел од вас, јас сум дел од вас, и секој мој чекор ќе биде за вас.   за тебе! Затоа што заслужуватеш повеќе затоа што мораме повеќе! Македонија ќе биде повторно твоја!