Во објава на својата официјална страна на фејсбук, градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски информира за реализација на новиот проект за изградба на три фитнес зони.
Во објавата, градоначалникот Стефковски напиша:
НОВИ ФИТНЕС ЗОНИ ВО ХИПОДРОМ, ИНЏИКОВО И СТАЈКОВЦИ!
Во тек се градежни активности за изградба на три фитнес зони на територија на општина Гази Баба.
Фитнес зони градиме во: Хиподром во рамки на спортскиот центар во Вера Јоциќ; Стајковци во рамки на спортскиот центар Иван Илиев; Инџиково кај спортскиот терен на вештачка трева.
Со реализацијата на овој проект овозможуваме услови за спортување и рекреација на граѓаните. Во изминатиот период фитнес зони изградивме во Триангла, Колонија и Керамидница. – пишува Стефковски.