Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, при работната посета на општина Велес, истакна дека ЈП за државни патишта работи на решението за изградба на нов мост кај Башино село, еден од влезовите во Велес.
Тој во својата изјава потенцираше: „Изградбата на нов мост кај Башино село ни е изборно ветување. Во моментов ЈП за државни патишта работи на проектирање на нов мост и со буџетот за следната година очекувам да се избере изведувач кој ќе го изгради овој мост како капитален објект кој е потребен на општина Велес. Стариот мост не може да се реконструира и затоа е потребно изградба на нов мост. Дополнително преку Македонија пат инвестираме 44 милиони денари за реконструкција на еден од влезовите во Велес а тоа е потегот од Башино село до мостот на река Вардар и следна фаза од Башино село до Велес”- истака министерот Николоски.
Тој најави бројни инфраструктурни проекти за сите опшините, оваа година подршка од Владата во висина од 100 милиони евра и 250 милиони евра подршка за следната година за општините.