Ќе се обезбеди континуитет на здравственото осигурување за затворениците и малолетниците во воспитно-поправните домови

Управата за извршување на санкиции алармираше за нередовност на здравственото осигурување на издржување на казна затвор, лицата кои се наоѓаат во притвор (ако не се осигурани по друга основа), како и малолетните лица кои се наоѓаат на извршување на воспитна мерка упатување во воспитно-поправен дом, односно установа и за членовите на нивното семејство, кои не се осигурани по друг основ. Приближната бројка на засегнати лица е околу 1.200, информираат од ФЗОМ.

-Проблемот постои поради начинот на пријавување и одјавување на издржување на казна затвор, лицата кои се наоѓаат во притвор (ако не се осигурани по друга основа), како и малолетните лица кои се наоѓаат на извршување на воспитна мерка упатување во воспитно-поправен дом, односно установа и за членовите на нивното семејство од страна на овластени лица вработени во казнено-поправните, односно воспитно-поправните установи. Досега тоа беше шалтерски, овластените лица од затворите мораа да доаѓаат на шалтерите на Фондот за да поднесат ЗО-1 пријава за затворениците и лицата во воспитно поправен дом. Дополнително постои неажурност во нивното пријавување и одјавување од страна на затворите и во недоволната координираност помеѓу нив и лицата кои вршат пресметка во Управата за извршување на санкции, велат од ФЗОМ.

Како резултат на проблемот иако Управата уплаќала придонеси од 2019 година, во значителен износ, а затворениците немале редовно здравствено осигурување. Тоа го отежнало пристапот до лекови и предизвикало болнички услуги во високи износи кои се фактурирани на Управата.

Фондот има обврска да ги вклучи сите граѓани во системот на задолжително здравствено осигурување.

-За решение, Фондот сега отвори веб портал, затворите ќе можат електронски ( со неколку клика од канцеларија) да ги пријавуваат овие лица во системот на Фондот и ќе имаат уредна евиденција на нивните пријави и одјави. Преку овој договор за размена, Фондот им излегува во пресрет на овие два субјекти ( затворите и Управата) и дозволува Веб порталот кој е во негова сопственост да им служи како „мост“’ или „бајпас“ преку кои ќе може овластените лица во затворите и во Управата да комуницираат и да добиваат точна евиденција на бројот на затворениците за кои треба да се плати придонесот и на тој начин ќе се избегне ризикот за некој затвореник да не му е платен придонесот, посочуваат од ФЗОМ.

Фондот ќе обезбеди континуитет на здравственото осигурување и затворениците ќе имаат пристап до здравствена заштита, како пристап до лекови, специјалистички прегледи и болнички третман.