Ќе се поништува огласот за контролори на летање, зашто Албанците што положиле не биле од ДУИ

Тројцата членови на управниот одбор на МНАВ и директори во агенцијата: Фахрудин Хамиди, Миѓан Селмани и Влатко Крстевски, сакаат да го поништат огласот за контролори на летање, зашто од 270 пријавени, положиле само 8 кандидати, меѓу кои не се нивните, а ни пријавените деца на функционери од ДУИ, oбјави СДК.мк

СДК.мк пренесува дека меѓу најдобрите 8, се и тројца момчиња Албанци, едни од највисокорангираните по поени и тестови. Особено едниот од нив, „згазил“ на тестирањето. Но, тие не се вистинските што требаше да влезат, велат од Синдикатот на контролори на летање.

Тестирањата и селекцијата ги правел тренинг центар од Данска. Но, откако меѓу тие што ги поминале строгите критериуми не се нашле имињата на „нашите“, особено дека најдобрите три Албанци „се ничии“, раководството на МНАВ се посомневал во компетентноста на Данците. Сега тричлениот одбор бара отчет од Данска зошто отпаднале другите кандидати.

Целиот текст може да го прочитате на СДК.мк