Ќе се реконструира пречистителната водоснабдувачка станица во Охрид

Со грант од 150.000 евра ќе се подобруваат условите за водоснабдување во Охрид. Тоа го содржи договорот на Општина Охрид и Центарот за меѓународна соработка и развој на Република Словенија што денеска беше потпишан во Скопје.

Општина Охрид соопшти дека со средствата превидена е реконструкција на пречистителна станица и набавка на нови филтри за пречистување на вода, за потребите на ЈП „Водовод“ .

– Со овој проект ќе се овозможат посовремени услови за пречистување на водата и ќе се обезбеди поквалитетна и поздрава вода за пиење за сите жители на Општина Охрид, стои во информацијата.

Средствата покриваат половина од вкупната вредност на целиот инвестициски зафат, а останатите средства Општина Охрид ги обезбедила преку Министерството за транспорт и врски.