За култната италијанска песна „Bella Ciao“ се снима документарен филм, под насловот „Бела чао – Приказна надвор од митот“, кој го режира Џулија Џапонези.
Станува збор за копродукција на две приватни продукциски куќи „Mediawan Group“ и „Palomar DOC“ која се занимава со документарни филмови и новиот оддел на италијанската јавна телевизија RAI – RAI Documentari. Филмот би требало премиерно да биде прикажан на 15-ти декември 2021 година на програмата на каналот RAI-1.
Со повеќе од милијарда прегледи на социјалните мрежи, песната „Bella Ciao“ последните години е најслушаната италијанска песна во светот. На тоа треба да се споменат и нејзините илјадници верзии на многу светски јазници, во чија мелодиска основа е.
Со текот на времето оваа песна стана симбол на борба и отпор ширум светот. Во последните четвртина век ја пееја учесниците на бројните бунтови, протести и штрајкови, од учесниците на ткн Арапска пролет во 2011 година, до демонстрантите кои учествуваа во движењата #occupy USA# и #occupy Mumbai#, забележува агенцијата Ansa.
Ја пееја и оние кои протестираа против глобализацијата, беше химна на активистите против климатските промени, демонстрантите во Судан, пеена беше на погребот на убиените на карикатуристите на францускиот сатиричен весник Charlie Hebdo, а ја пееја и учесниците на протести во Турција, Чиле и Либан.
Меѓутоа, истровремено стана типичен феномен на глобализацијата. Симболична песна е во „Мoney Heist“, серијата на Netflix, џингл е за продажба на некои производи во Мексико или мозина за промоцина на Netflix во Саудиска Арабија.
„Убедени сме дека оваа песна е наследство за сите нас и дека преку овој документарен филм ќе ја откриеме нејзината глобална важност“, изјави креативниот продуцент на „Palomar DOC“, Андреа Ромео.
Режисерката на филмот Џулија Џапонези најавува нови и некои помалку познати поединости поврзани со песната, коишто, како што вели самата, ги открила во текот на повеќегодишните истражувања и подготовки за снимањето на дикументарецот.