![dzejson kid](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/06/dzejson-kid.jpeg?resize=696%2C464&ssl=1)
Џејсон Кид, член на кошаркарската Куќа на славните, е новиот тренер на НБА екипата на Далас Маверикс, објавија американските медиуми.
Рик Карлајл на 17-ти јуни поднесе оставка на местото тренер на Далас по 13 сезони минати на клупата, а во четвртокот беше објавено дека Индијана Пејсерс го ангажирале како главен терен.
Последниот ангажман на 48-годишниот Кид беше помошник на тренерот Френк Вогел во Лос Анџелес Лејкерс.
Дел од својата играчка кариера Џејсон Кид ја мина во Далас Маверикс кого го избраа како втор пик на драфтот во 1994 година, а потоа година и пол откако беше прогласен за „ко-новак“ во сезоната го заменија во 1996 годинав во Феникс Санс.
Во Далас се врати во 2008 година, откако ги предводеше тогашните Њу Џерси Нетс во двете последователни финалиње во НБА во 2002 и 2003 година, откако дојде од Фениск во 2001-ва. Со далас во 2011 година ја освои тутулата.
Џејсон Кид се пензионираше по сеозната 2012/13 и е втор на вечната листа на НВБ според бројот на асистенциите – 12.091, и украдени топки – 2.684. Десет пати беше избиран во „Ол-стар“ тимот.
Кид играше и за Њујорк Никс, а подоцна ги тренираше Нетс во 2013/2014 и Милвоки бакс од 2014 до 2018 година.