Џејсон Момоа делел вода на лет за Хаваи: Патниците во шок, а видеото се споделува

Холивудскиот актер ги воодушеви патниците на летот за Хаваи кога реши да ја преземе улогата на стјуардеса и да послужи освежување за сите

Американскиот актер Џејсон Момоа ги изненади патниците на летот на „Hawaiian Airlines“ откако се облекол како стјуард и делел шишиња со вода.

Актерот пристигнал на меѓународниот аеродром во Лос Анџелес со ќерката Лола Џолани (14) и синот Нако-Волф (13), пред да се појави пред патниците кои се упатиле кон Хонолулу.

Кабинскиот екипаж на негово барање му дал количка со освежување, а актерот ставил цвет зад увото и се појавил пред шокираните патници.

Видеото може да го погледнете ОВДЕ.

На својот Инстаграм профил, Момоа објави видео од авионот, а не требаше долго за видеото да стане апсолутен хит.

– Здраво, јас сум Џејсон Момоа, дали сакате изворска вода од алуминиумско шише за повеќекратна употреба? – ги прашал актерот патниците пред да им даде шише вода.

Како што објасни тој, идејата на акцијата била туристите кои доаѓаат на Хаваи да ги освести како таа дестинација е дом на бројни животински и растителни видови и дека треба добро да размислат дали со себе ќе понесат пластични шишиња за еднократна употреба, кога веќе имаат можност да користат алуминиумски шишиња кои лесно може да се дополнат со вода.