Средношколски глас во соопштение до медиумите објаснува зошто смета дека одлуката за е-учебници е лоша.
-Сметаме дека одлуката за воведување на електронски учебници е лоша најпрво од здравствен аспект, свесни сме сите, а и докажано е дека долгорочно седење пред компјутерските екрани е штетно. Другиот битен аспект е што постојат голем број на училишта без основни услови за настава и со самото тоа голем број училишта не се опремени со компјутери за да би функционирало тоа, објаснуваат од Средношколски глад.
Во соопштението наведуваатд ека министерката Мила Царовска изјавила доколку учениците немале можност за таква настава ќе требало да ги фотокопораат учебниците, но тоа е финансиски невозможно за некои семејства.
-Едно семејство со две деца за почетокот на таква школска година ќе треба да издвои цела просечна плата. Потребни се нови реформи во образованието да, но ова е далеку од некаква реформа. Протести ни се единственото решение доколку министерката продолжи со инаетењето и едноумието, но се надеваме дека министерката ќе се освести. Овој период не планираме никакви протести поради празниците и големиот број на заразени, но за периодот после тоа ќе видиме, се наведува во нивното соопштение.