Ејуп Рустеми не одговори како и кој открил дека позади ИГХ, компанијата која го доби тендерот за надзор на Коридор 8 стои руски капитал

Во понеделникот, во емисијата „Click Plus“ на ТВ21, заменик премиерот Артан Груби ексклузивно откри дека позади хрватската компанија ИГХ која го доби тендерот за надзор на Коридор 8 стои руски капитал.

Директорот на Јавно претпријатие државни патишта Ејуп Рустеми вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека на тендерот за надзор на Коридорот 8 кој ќе го гради компанијата Бехтел ЕНКА учествувале две компании, американската Хил и хрватската ИГХ.

„Компанијата Хил е дисквалификувана затоа што наводно не приложила комплетна документација во дадениот рок по што комисијата одлучила тендерот да го додели на хрватската ИГХ. Компанијата ИГХ пак не ја доставила банкарската гаранција од 2,6 милиони евра во дадениот рок по што комисијата одлучила да го поништи тендерот. Компанијата се жалела на второстепена комисија за што имаат законско право и рок од десет дена, но тие одговориле дека жалбата е неоснована“, објасни директорот Ејуп Рустеми.

Според Груби, после сето ова е откриено дека позади хрватската компоанија стојат руски пари и затоа е добро што излегло вака.

Нов начин на лекување на простатата и потенцијата. Можно е да се врати и подобри потенцијата и да се намали ноќното мокрење!

Рустеми пак рече дека оваа компанија не може повеќе да учествува на тендери затоа што е ставена на црната листа поради не исполнување на обврските по дибивањето на минатиот тендер, осносно банкарската гаранција.

Сепак Рустеми не одговори кој и како открил дека позади оваа компанија стојат руски пари, тој рече дека не е во надлежност на институцијата која тој ја раководи да го истражува капиталот на компаниите кои конкурираат.