Во периодот од 18 декември 2020 до 21 јануари годинава, за вкупно 15 угостители на подрачјето на СВР Тетово се поднесени кривични пријави до сопственици на угостителски објекти затоа што не ја почитувале мерката за ограничено работење до 18 часот. Од нив осум се од тетовскиот регион, а седум од гостиварското подрачје.
-Станува збор претежно за кафеани и кафулиња, кои биле отворени и работеле по 18 часот и во кои престојувале и биле послужувани гости. Пријавените се сомничат дека сториле кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“, согласно член 206 од Кривичниот законик, а нивните објекти биле затворени од Државниот пазарен инспекторат, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Според евиденцијата на СВР Тетово меѓу пријавените објекти кои го пречекориле дозволеното работно време и со тоа ги прекршиле мерките за спречување на ширењето на коронавирусот „Ковид-19“ се среќаваат и ќебапчилници, чајџилници, слаткарници и други