Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) денеска објави дека во рамките на програмата „Младите во бизнисот“ ќе инвестира 100 милиони евра во младите претприемачи од Западен Балкан. Програмата поддржува микро, мали и средни претпријатија, за лица до 35 години.
На конференцијата на ЕБОР во Херцег Нови учествуваат партнерските банки, донатори, партнери на екосистемот и други заинтересирани страни за зајакнување на поддршката за микро, малите и средните претпријатија во Западен Балкан, кои се во сопственост или управувани од млади претприемачи до 35 години.
Во програмата „Младите во бизнисот“ досега достапни се 30 милиони евра кредитни линии и 17 милиони евра за дополнително финансирање, а исплатени се над 1.700 кредити во вкупна вредност од 19,3 милиони евра.
Програмата нуди финансиска поддршка, советување и обуки за млади сопственици на бизниси, како и можности за вмрежување преку ЕБОР-овата иницијатива за мали бизниси.