ЕБОР со поддршка за жените менаџери

Фирмите во Македонија кои се водени од жени менаџери, од наредниот месец ќе имаат на располагање финансиски средства од околу три милиони евра преку програмата на Европската банка за обнова и развој за Западен Балкан.

Договорот со локалната комерцијална банка преку која ќе се пласираат средствата за поддршка на женското претприемништво треба да се потпише во март.

Со Програмата, која е во вредност од 20 милиони евра на ЕБОР, предвидена и техничка поддршка, стратегија за намалување на ризикот и советодавни услуги за компаниите.

Првиот договор е потпишан со банка во БиХ која доби два милиони евра. Наскоро треба да се потпише и во Косово, а потоа следува потпишување во Србија, Албанија и во Македонија. Целта е да се унапреди женското претприемништво преку поддршка на мали и средни претпријатија.