Европската централна банка (ЕЦБ) ја намали рефернтната каматна стапка на 0,15 отсто од 0,25 отсто за да го стимулира економскиот раст и да избегне дефлација во еврозоната.
ЕБЦ е прва од „Големата четворка“ централни банки (ЕЦБ, Американски сојузни резерви, Јапонска Банка и Англиска Банка) која го презеде овој чекор.
Иако опасноста од дефлација во еврозоната е лимитирана, ЕЦБ е загрижена дека еконономскиот раст е многу успорен и дека кредитната способност на банките е слаба- што би можело да го загрози кревкото економско опоравување.
Економијата во еврозоната бележи раст од само 0,2 отсто, а потрошувачката, инвестициите и извозот растат со поспоро темпо од истиот период минатата година.