Mожно е „правиот план“ на српскиот и косовскиот претседател, Александар Вучиќ односно Хашим Тачи, е Србија да ја признае независноста на Косово а за возврат северниот дел од Косово да добие автономија, пишува во петокот британскиот весник Economist
Во текстот под наслов „Лидерите на Косово и на Србија разговараат за размена на територии“ се наведува дека по завршувањето на војната во поранешна Југославија илјадници луѓе останаа во земји кои не ги сметаат за свои и оти голем број „миротворци“ предупредуваат дека прекројувањето на границите води кон дополнителни судири, а последица од тоа се околу 120.000 Срби живеат во Косово, претежно населени со Албанцки, а 60.000 Албанци живеат во Прешевска долина во Србија.
Весникот посочува дека поединечни локалнио лидери веќе подолг период се заинтересирани за размена на територии. Додека, Европска унија и САД до неодамна ја обесхрабруваа таквата идеја, но според „Економист“ ситуацијата е променета.
„Велат дека Федерика Могерини сака до следната годината, до крајот на нејзиниот мандат на висока претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност да биде постигнат договор за српско признавање на Косово, а размена на територии би можело да биде еден од начините“, се посочува во текстот.
Весникот додава и дека според изјавите на советникот на американскиот претседател за национална безбедност Џон Болтон, ниту САД повеќе не се спротиставуваат на таквата идеја.
„Српски и косовски претставници, исто така сакаат да ги забрзаат работите пред европските парламентарни избори, што ќе се одржат во мај следната година, бидејќи би можело да ги дочека Комисија, која е попопулистички расположена и која ќе е против проширување“, наведува Economist
Весникот додава дека повеќе од еден месец и Тачи и Вучиќ даваат „двосмислени изјави“ за евентуален договор. „Иако двете страни ќе го мразат договорот, барем нивните лидери ќе можат да кажат дека сочувале скапоцена територија“, оценува британскиот весник.
Велика Британија, која претстедава во моментов со Советот за безбеност при Обединетите нации, како и што најавија нејзините претставници на дневен ред не го постави разгледувањето на ситуацијата во поранешната јужна покраина, што досега вообичаено се случуваше во август.
Претседателите на Србија и Косово, Александар Вучиќ и Хашим Тачи, веќе некое време зборуваат за размена на територии, но всушност нивниот вистински план би можел да биде размена на признавањето на Косово за автономија на српските општини, пишува весникот.
Голем број аналитичари веруваат дека Тачи и Вучиќ всушност немаат намера да ги менуваат границите, туку се подготвуваат за договор за формирање српска автономија во рамки на Косово во замена за признавање. Иако двете страни би го мразеле таквиот договор, нивните лидери барем би можеле да кажат дека зачувале драгоцена територија, пишува Економист. Се додава дека одделни локални лидери веќе долго биле склони кон размена на територии, но дека до неодамна ЕУ и САД беа против, што сега се смени.
Федерика Могерини кажа дека сака договор за српско признавање на Косово до крајот на нејзиниот мандат како висока претставничка за надворешна политика на ЕУ следната година и дека размената на територии би можела да биде еден од начините, се тврди во текстот.
И САД повеќе не се против промена на границите што го навести советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Болтон, се истакнува во текстот, и се додава дека „можеби за тоа треба да му се заблагодари на ентузијазмот на Трамп за постигнување договори“.
Британскиот весник пишува и дека и српски и косовски државници сакаат да ги забрзаат нештата пред изборите за Европскиот парламент следниот мај, затоа што тоа би можело да навести засилено популистичка Европска комисија која ќе се противи на проширувањето на ЕУ.