Ден по гласањето доверба на Владата и обидот да се прикаже дека парламентарното мнозинство е стабилно, Собранието повторно се соочи со неможност да работи и носи закони. Собраниската сала беше полупразна , кворум за одлучување немаше, па собранискиот спикер Талат Џафери беше принуден за секој закон да кажува дека нема деловнички услови за негово усвојување.
Опозицијата ја обвини власта дека и денеска на работа требало да се појават сите 62 пратеници кои вчера присуствуваа на гласањето доверба на Владата.
ДУИ се правда дека некои пратеници биле отсустни од здраствени причини.
Социјалдемократите пак најавуваат зголемување на парламентарното мнозинство.
Во моментов на усвојување чекаат околу 130 закони, 4 седници се започнати а не се завршени.Не е закажана ниту нова седница.Голем број пратеници доаѓаат во Собранието, земаат дневници и патни трошоци а не присуствуваат на седниците.