Еден месец од масакрот на Хамас во Израел – Војната во бројки

По „црната сабота“ и едномесечните борби, ова се бројките за војната на Израел против Хамас досега:

Пред еден месец, на 7 октомври во 6:29 часот, терористичката организација Хамас изврши комбиниран напад врз Израел. Сирените се огласија во сите погранични заедници во Газа, јужен Израел и неговиот центар. Илјадници терористи ја преминаа границата, инфилтрирајќи се од воздух, од море и од земја.

Тие имаа една примарна цел: да убијат што повеќе Израелци. Терористите при нападот малтретираа луѓе, силуваа жени и киднапираа мажи, жени, деца, бебиња и постари луѓе. Палеа куќи со семејства врзани со лисици внатре, брутално мачеа невини цивили и обезглавија деца, бебиња и војници.

Тоа утро, Израел беше шокиран од нападот и веднаш му објави војна на Хамас – операцијата е наречена „Железни мечови“. Стотици илјади резервисти оставија сè, тоа утро на „црниот шабат“ (црната сабота), на празникот Симчат Тора – последниот од високите празници – и тргнаа во борба.

По еден месец од војната во Израел, i24news објави:

1.400 луѓе беа убиени во првите денови на војната во Израел, вклучително и 314 војници кои загинаа во борба.

Оттогаш 34 војници загинаа за време на копнената операција во Газа која започна на 27 октомври.

Семејствата на 241 заложник се информирани дека нивните најблиски се киднапирани во Газа, вклучително и 33 деца помлади од 18 години. 10 од нив се мали деца на возраст под 5 години.

7.075 Израелци се ранети за време на војната.

20 деца помлади од 18 години останаа сираци откако ги изгубија двајцата родители, а 96 деца го загубија едниот родител. 18 млади луѓе на возраст од 18 до 25 години ги загубија двајцата родители во војната

Повеќе од 9.200 ракети се лансирани во Израел. Имаше повеќе од 900 погрешни пукања, а повеќе од 400 директни удари се избројани на израелска територија.

Од почетокот на војната, повеќе од 500.000 израелски жители се раселени од своите домови.

ИДФ нападна повеќе од 2.950 цели во Газа од почетокот на копнената операција и повеќе од 13.000 цели од почетокот на војната.

Повеќе од 1.350 барани осомничени за тероризам се уапсени на Западниот Брег од почетокот на војната, од кои најмалку 850 се поврзани со терористичката организација Хамас.

Повеќе од 16.000 шлемови и 5.000 заштитни елеци беа доставени до војниците во Газа за 10 дена.

Бројот на загинати Палестинци во тековната војна со Израел достигна 10.022 лица, вклучувајќи 4.104 деца и 2.641 жени, се бројките од Министерството за здравство во Газа.

Портпаролот на Министерството соопшти дека бројот на повредени Палестинци од 7 октомври досега се искачи на 25.408 лица.

Од 7 октомври досега во Газа загинаа 192 припадници на медицински персонал, а уништени се 32 амбулантни возила, додека 16 болници сега се надвор од функција.