Еден мигрант убиен, друг тешко ранет во БиХ

Еден илегален мигрант е убиен од огнено оружје а друг е потешко ранет во пресметка меѓу две мигрантски групи кои доцна попладнето во петокот се одиграла во центарот на Бихаќ, на северозападот на Босна и Херцеговина, соопшти тамошната полиција.

„Дошло до судир меѓу повеќе мигранти во коиој е користено огнено оружје. Едно лице им подлегна на повредеите на самото место, додека друг мигрант задобил тешки телесни повреди“, изјавиле од полицијата на Унско-санската жупанија.

Според изворот, престрелката се сличила околу 18 часот во петокот во центарот на Бихаќ. Според полицијата, пред пукањето се случила физичка пресметка меѓу две групи илегални мигранти по потекло од Авганистан и од Пакистан.

Полицијата трага по сторителот, а локалното обвинителство отвори истрага.