Еден мртов и двајца тешко повредени во експлозија во Чешка

Во експлозија и пожар кој избувнал потоа во колективен станбен објект во местото Ленорана југот од Чешката Република во четвртокот, едно лице загинало, две се тешко повредени а уште седум други полесно настрадале, соопшти за новинарите полициската портпарлка Штепанка Шварцова.

„Заедно со пожарникарите во моментов истражуваме што претходело, експлозијата или пожарот или обратно. Првичната верзија говореше дека прво се случила експлозијата“, рекла Шварцова.

Прецизирала дека во инцидентот едно лице починало, уште две се тешко повредени и со хеликоптер пренесени во болница во главниот град Прага оддалечен 150 километри, а седум други се полесно повредени и се згрижени во локалните болници.

„На местото на настанот работата седум единици од професионални и пожарникари доброволци. Во оштетената куќа имало шест станови. Експлозијата била многу силна, ја слушнале на оддалеченост од неколку километри“, додала Шварцова.

Штетата прелиминарно е проценета на 15 милиони чешки круни, или околу 650.000 американски долари.

Според портпаролоката полицијата ја започнала истрагата за причините за инцидентот, и притоа не ја исклучува можноста дека експлозијата била намерно предизвикана.