Игор Спасов имал закажано операција кај неговиот баџанак, дознава Телма. Урологот од штипската болница Влатко Филипов бил докторот кај кој имал термин за интервенцијата поради која му е продолжено отсустовот од затвор на убиецот на Мартин Нешковски.
Телма контактираше со Филипов кој негира дека има било каква поврзаност со бегството.
“Секој пациент има право да избере кај кој лекар сака да се лекува. Јас секако како лекар се би сторил за мојот баџанак, но од каде да знам дека тој би бегал. Знам дека сега вие тоа ќе го врзувате, но за мене сите пациенти се исти без разлика дали се затвореници или не. Последен пат го видов на последниот преглед, по тоа заминав на одмор, па поради тоа мислењето за тоа колку ќе трае постоперативниот период го дал мојот колега. По тоа Спасов не се појави на закажаниот термин на операција” – изјави урологот Влатко Филипов.
Вчера Телма објави дека Спасов дозволата за операцијата ја добил од судот на 31-ви јули, а штипски уролог со вештачење тврдел дека по операцијата, поарнешниот специјалец и осуден за убиството на Нешковски, морал да лежи два месеци во домашни услови.
Урологот Венцо Шопов тврди дека среде лето му го донеле од суд, и тој бил само дежурен лекар. Судот му наредил на Спасов на 18-ти септември да им донесе медициснка документација дека ги спроведува медицинските зафати, но тој ова не го сторил. Трагот му се губи за тоа се дозна дури на 18-ти октомври кога не се појави во Идризово.
Дури синоќа е распишана меѓународна потерница, додека денеска министерот Венко Филипче рече дека за сега не го истражуваат случајот за постапувањето на здравствените работници. .