Еден од фаворитите на словачките претседателски избори се откажа од трката

Зузана Капутова и Роберт Мистрик

Водечкиот опозициски кандидат на словачките претседателски избори се откажа од кандидатурата во вторникот, во потег чијашто цел е да се консолидира избирачката база и подобро да се спротистави на кандидатот на владејачката партија Смер.

Двата изборни круга во март ќе претставуваат тест за владејачката коалиција, којашто ја сочинуваат три партии, една година по убиството на истражувачкиот новинар Јан Куциак и неговата вереница што ги предизвика најголемите протести во посткомунистичката историја на Словачка.

Убиствата, за коишто се обвинети четири лица, иако мотивот сѐ уште не е јасен, предизвикаа протести поради корупција во државната администрација и неказнивоста, а долгогодишниот премиер Роберт Фицо поднесе оставка за негавата влада да не трпи штети. Потоа значително падна и рејтингот на неговата партија Смер. Се очекува централни теми на изборната кампања да бидат загриженоста за владеењето на правото и состојбата на демократијата во земјата, а опозицијата се надева дека тоа ќе ѝ оди во полза.

Нучникот и претприемач Роберт Мистрик беше главниот противкандидат на Марош Шефчович од Смер, дипломат од кариера и актуелен потпретседател на Европската комисија, кој во анкетите е во благо водство. Но Мистрик се повлече од трката во вторникот и ја даде својата поддршка на адвокатката за еколошки прашања Зузана Капутова, која ја поддржуваат низата опозициски либерална партии, како и претседателот на заминување Андреј Киска.

„Ѝ изразувам јасна поддршка на Капутова. Податоците коишто ќе бидат објавени оваа седмица покажуваат дека има јасен подем“, рече Мистрик на прес-конференцијата. Ги повика, исто така, гласачите да „не му дозволат на пионот на Роберт Фицо да стане претседател“, мислејќи на Шефчович.

Според последното објавено испитување на јавното мнение од минатата седмица, Шефчович има поддршка до 19,7 отсто, Мистрик – 18,2 а Капутова од 17,4 отсто.