Eден од најдобрите светски ракометари објави крај на кариерата

Eден од најдобрите ракометари во овој век, Уве Генсхајмер ќе ја заврши својата голема кариера со крајот на сезоната 2023/2024.

Информацијата ја објави неговиот клуб Рајн Некар Левен, а по завршувањето на кариерата како играч тој ќе остане во клубот и ќе работи како спортски директор.

Генсхајмер има 37 години и во кариерата играше само за два клуб. Започна во Рајн Некар каде што беше до 30 години и се пресели во ПСЖ. Во 2019 година се врати во редовите на „лавовивте“.

Извесен период тој е надвор од терените поради повреда на коленото, а ќе се врати на почетокот на вториот дел.