Еден од напаѓачите во Брисел бил уапсен, па пуштен на слобода

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган вели дека еден од напаѓачите бил уапсен во Турција во јуни минатата година и дека бил депортиран во Холандија на негово барање.  Освен тоа, Ердоган тврди дека Турција ја пријавила депортацијата кај белгиските власти и дека ги известила холандските власти, но дека Белгија го „игнорирала“ предупредувањето, пренесува „Гардијан“.

Ердоган вели дека белгиските власти го ослободиле Ибрахим Ел Бакрауи без обѕир на предупредувањата од Турција дека се работи за „странски борец“.

Тој бил приведен на турско-сириската граница, а Турција офоцојално ги известила белгиските власти за неговата депортација на 14-ти јули 2014-тата.

-Без разлика на нашите предупредувања дека станува збор за странски борец, Белгија не утврдила дека постојат било какви врски со тероризам, рече Ердоган.

Истрагата потврди дека Ибрахим Ел Бакруи е одговорен за нападите на аеродромот во Брисел, а неговиот брат Халид за бомбата во метро станицата Малбек.