Поранешниот член на Земунскиот клан, Душан Крсмановиќ, еден од обвинетите за убиството на српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ во 2003 година, излегува на слобода по 20 години затвор, јави денеска телевизијата Н1.
Крсмановиќ е уапсен во акцијата „Сабја“, со првостепената пресуда беше осуден на 30 години затвор, но со одлука на Апелациониот суд казната му беше намалена на 20 години.
Тој во 2008 година ја призна вината во жалба во која бараше помала казна, а пред него беа ослободени поранешните припадници на Единицата за специјални операции Саша Пејаковиќ и Жељко Тојага.
Зоран Ѓинѓиќ беше убиен на 12 март 2003 година во дворот на зградата на Владата на Србија, а за неговото убиство офицерот на Единицата за специјални операции (ЕСО) на Одделот за државна безбедност, Ѕвездан Јовановиќ и командантот на ЈСО, Милорад. Улемек, беа осудени на 40 години затвор за организирање на атентатот.