За време на престрелката во Лас Вегас е убиен триесет и едногодишниот Игор Солдо, полицаец кој по потекло е од БиХ, кој побегнал во САД за време на војната.
Откако како дете ја преживеал босанската голгота, настрада од рацете на американските расисти. Солдо кој бил во служба од 2006 – та година оставил зад себе сопруга и бебе.
Солдо го загубил животот вчера кога вооружени маж и жена пукале во три лица, меѓу кои двајца полицајци, а потоа извршиле самоубиство.