Еден починат, четворица новозаразени и 68 оздравени пациенти од ковид-19 во последните 24 часа, соопшти Министерството за здравство.
Како што е наведено во соопштението, во последното деноноќие биле направени 3.074 тестирања, а четворицата новозаразени пациенти се од Скопје, Прилеп, Тетово и од Кочани.
„Регистрирани се 68 оздравени пациенти од: Скопје – 32, Куманово и Кичево – по 6, Тетово, Охрид и Струмица – по 4, Струга и Делчево – по 3, Кочани и Неготино – по 2, Прилеп и Македонска Каменица – по 1. Пријавено е едно починато лице од Скопје (80), починато во болнички услови. Направени се 3.074 тестови преку: ИЈЗ-54, ЦЈЗ Скопје-19, ЦЈЗ Битола-51, ЦЈЗ Прилеп-27, ЦЈЗ Тетово–19, ЦЈЗ Куманово–45, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-1, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија-0, ГОБ 8-ми Септември-5, Институт за микробиологија–0, МАНУ-0, Жан Митрев (Филип Втори)-204, Авицена-299, Биотек-415, Систина-99, лабораторија Лаор-273, Синлаб-0, Ремедика-73, Плодност–99, Генеа–72, Никоб лаб-528, ВФВ Медикал-21, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 770. Досега во земјата се направени вкупно 851.408 тестирања на ковид-19“, соопшти Министерството за здравство.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.616, бројката на оздравени пациенти е 149.790, на починати е 5.475, а бројот на активни случаи изнесува 351.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)