![koronavirus makedonija zname](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/04/koronavirus-makedonija-zname.jpg?resize=696%2C443&ssl=1)
Во последното деноноќие регистрирани се седум нови случаи на инфекција со новиот коронавирус, а како последици на ресираторната болеста Covid-19 која ја предизвикува вирусот починало едно лице, додека оздравени се 47 пациенти, соопшти во понеделникот Министерството за здравство.
Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 47 оздравени пациенти во: Скопје-9, Куманово-9, Прилеп-8, Тетово-13, Охрид-1, Гостивар-5, Кочани-1 и Крива Паланка-1.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина еден пациент од Скопје на 65 годишна возраст, хоспитализиран на клиниката од 27 април.
Во изминатите 24 часа направени се 113 тестирања, а потврдени се 7 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-1, Прилеп-1, Тетово-4 и Кратово-1.
Согласно ова вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1518, бројката на оздравени пациенти е 992, на починати е 85, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 441. Последната дистрибуција по градови е следна:
- Скопје – 512
Куманово – 401
Дебар – 51
Штип-34
Прилеп –159
Тетово – 90
Струга – 67
Велес – 77
Битола –19
Охрид –15
Кавадарци – 5
Гостивар –17
Гевгелија – 4
Струмица – 2
Крива Паланка-5
Радовиш – 4
Крушево – 3
Кочани – 31
Пробиштип – 2
Кичево – 2
Неготино -9 (*7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Демир Хисар – 1
Македонски Брод -2
Пехчево- 2
Делчево-1
Валандово -1
Виница – 2
Кратово-1
Направените 113 теста се преку: ИЈЗ –108, Ветеринарен ф-тет -0 , Авицена –0, Биотек -0, Филип Втори (Жан Митрев) –0, Систина со PCR метода -0 и МАНУ -5. Досега во земјата се направени вкупно 17359 тестирања на ковид -19.
Во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примени се 2 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 41. На кислородна поддршка е 21 пациент, а на механичка вентилација 1.
Во ГОБ „8 АСептември“ примени се 3 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 24. На респираторна машина се 5 пациенти, а уште 3 се со потешка клиничка слика.
Во болницата во Битола се лекуваат 4 пациенти, а на домашно лекување се следат уште 2 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани вкупно 4, а уште 4 се следат на домашно лекување. На ифективните одделенија во Прилеп, Велес, Куманово, Гостивар и Тетово се хоспитализирани 46 позитивни и суспектни на ковид-19.