![soobrakajka koli](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2018/08/soobrakajka-koli.jpg?resize=640%2C320&ssl=1)
Едно лице е повредено при судир на автомобил и товарно возило, рано утринато во вторникот, околу 2 часот по полноќт на регионалниот пат Кавадарци – мотел Дреново, кај градските гробишта.
Се случи сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил марка „ауди“ со кавадаречки регистарски броеви управуван од Т.М.(25) од село Дреново, Кавадаречко и товарно возило марка „волво“ со кавадаречки регистарски броеви управувано од В.Л.(52) од Кавадарци. Во незгодата повредeн е возачот на патничкиот автомобил, кој е задржан на лекување во ЈЗУ Општа болница – Кавадарци, информира Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
Увид на местото на настанот изврши екипа од ПС – ОН Кавадарци