Нерасчистени односи се причината за пукањето, соопшти СВР Куманово во врска со вооружениот инцидент кој се одигра во вторникот попладнето во Куманови, во кое е рането едно лице, а индетификуван е и напаѓачот.
Кај нив случајот бил пријавен во 17,17 часот, кога било пријавено дека на улицата „Борис Кидрич“ во Куманово 44-годишниот М.С. испукал со пиштол и го повредил 49-годишниот Т.Ш. во пределот на нозете.
„Според пријавеното, причина биле меѓусебни нерасчистени односи. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од СВР Куманово.
Претходно од кумановската болница соопштија дека кај нив со возило на итна помош било донесен повредениот со две прострели рани во двете нозе. По пружената здравствена грижа во болницата, а поради сериозноста на повредите, лицето е однесено во една од скопските клиники за понатамошно лекување.
„По пружањето на првична здравствена помош, лицето со тим од вработени е препратено до васкуларна хирургија Скопје“, изјави директорката на болницата, Биљана Ивановска.