Еден разнесен во експлозија и еден ранет во пукање во Белгија

Непознат маж на вораст меѓу 50 и 60 години се разнел на фудбалско игралиште во белгискиот град Вервиер, а во друг одделен случај во престолнината Брисел едно лице е рането во пукотници, пренесуваат во вторникот белгиските медиуми.

„Полицијата излезе на местото по известувања од очевидци дека непознато лице се разнело на центарот од фудбалското игралиште во квартот Стамбер“, соопшто обвинителството на Вервиер, пренесе телевизијата RTFB.

Обвинителството додава во соопштението дека дополнителни информации ќе следат по завршувањето на истрагата. Засега се појасуваат мотивите и околностите на инцидентот.

Истовремено електронското издание на весникот La Dernière Heure, повикувајќи се на претставници на белгиското обвинителство, јави дека еден маж е ранет во пукање на улицата „Аргон“.

„Се слушнале неколку истрели. Два крушума го погодиле повреденото лице во раката и во ногата. Обвинителството отвори истрага за обид за убиствот и започна истражни дејствија, вклучително и преглед на снимките од камерите за видео надзор и балистичка експертиза“, изјавил портпаролот на обвинителството.

Според сознанијата на весникот, станува збор за 28-годишен маж чијшто живот не е загрозен.