![Ubistvo-vo-Mala-Recica-03-520x347](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2018/04/Ubistvo-vo-Mala-Recica-03-520x347.jpg?resize=520%2C347&ssl=1)
Наип Реџепи од Куманово е лицето кое вечерва во Малата Речица е убиено, неофицијално информира весникот на албански јазик „Коха“, а ранети се уште две лица исто така од Куманово. Според она што е досега познато, непознати лица кои биле во два различни автомобили, застанале на улица и почнале пресметка со огнено оружје.
Весникот пишува дека жртвите биле застрелани на излегување од штабот на ДУИ. Тие се уптаиле кон главниот пат каде што настанало и убиството на кое му претходела групна тепачка во која според информациите на весникот се користеле и ножеви. Ситуацијата ексалирала кога учесниците во инидентот посегнале по оружјето.
Според „Коха“ сe уште не се знае точниот број на повредени. Неофицијалните извори на весникот велат дека судирот бил помеѓу две ривалски политички групи од Куманово.
За потсетување, во Куманово пред две години во сличен инцидент беше убиен Џемаил Реџепи познат како командант Шкипоња.
Тогаш се работеше за пресметка помеѓу поранешниот и актуелниот претседател на огранокот на ДУИ во Куманово.