
Најмалку едно лице загина, а 12 се повредени, од кои еден критично, откако пукнала гасоводна цевка во три населби во близина на Бостон, по што беа предизвикани десетина експлозии. Уништени се 39 куќи, а на терен се 50 пожарникарски екипи.
Полицијата преку разглас им порачуваше на жителите да не ги напуштаат домовите. А медиумте јавуваат дека од големината на пожарот не се гледа небото.
За да се спречат и други експлозии, спречен е доводот на плин. Се претпоставува дека цевката пукнала поради преголемата компесија.