Еден загинат, четворица повредени во судир на два автомобили

Едно лице загина, а четворица се тешко повредени во судир на два автомобили  на магистралниот пат Кичево-Гостивар, соопшти СВР Тетово.

Според портпаролот на тетовската полиција, Марјан Јосифоски, сообраќајната несреќа се случила во 17.20 часот во непосредна близина на каменоломите.

Судирот се случил меѓу „рено меган“ со гостиварски регистарски таблички и „опел астра“ со дебарски ознаки. Во несреќата на самото место загинал  возачот на „меганот“. Двајцата сопатници од „реното“, како и две лица од „астрата“ со сериозни повреди се префрлени во болницата во Гостивар, рече Јосифоски.

На местото се наоѓаат јавен обвинител и екипа за увид.