Еден загинат и деветмина исчезнати во експлозија во рудник на истокот од Украина

Претставникот на локалната здравствена организација од областа Луганск, Лариса Ерапетијан, изјави дека во моментот на експлозијата во окното се наоѓале 20 рудари, јавија француските медиуми.

– Четворица рудари се префрлени во локалната болница заради здобиени изгореници. Најдовме едно тело, а деветмина рудари се уште се под урнатините, изјави Ерапетијан.

Таа додаде дека шансите за пронаоѓање на затрупаните рудари се „многу мали, бидејќи акумулацијата на гас е исклучително голема“, пренесуваат француските медиуми.

Во март 2015 година во Украина загинаа 32 рудари, исто така, заради експлозија на метан во рударско окно, јавуваат француските медиуми.