![soobrakajka koli](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2018/08/soobrakajka-koli.jpg?resize=640%2C320&ssl=1)
Едно лице го загуби животот а уште четири други се повредени во сообраќајната несреќа која во саботата рано попладнето се слили на магистралниот пат Прилеп – Битола.
Околу 12,40 часот на магистралниот пат Прилеп – Битола кај селото Тополчани се случила сообраќајна незгода меѓу патнички автомобила „апел астра“ и „цитроен берлинго“, управувано од 46-годишно лице од Битола.
Според информациите од битолската полиција во незгодата починал возачот, а повредени се четири лица кои се пренесени во болницата во Битола и според првичните информации на полицијата тие не се во животна опасност.