Еден загинат и двајца повредени рудари кај Крива Паланка

Еден рудар загина, а двајца се повредени при минирање на јама во рудник во село Костур кај Крива Паланка.

Настанот се случил попладнево, потврдуваат од МВР. Од одронот, починало едно лице на 57-годишна возраст со иницијални Б.М, а повредени се 32-годишниот А.Н. и 30-годишниот Ј.М. кои се пренесени во Клиничката болница во Куманово.

За случајот е известен и надлежен јавен обвинител.