Еден загинат и над 200 повредени во новогодишните пиротехнички спектакли во Италија

(ANSA)

Повеќе од 200 луѓе се повредени а едно лице загинало во текот на новогодишните прослави во Италија кога масовно се користат пиротехнички средства, соопшти полицијата во средата.

Од 204 повредени, главно поради невнимателно и неправилно користење пиротехника, 38 луѓе се хоспитализирани. Како најтешки случаи се наведени изгореници на лицето и ампутација на прсти на екстремитетите. Полицијата наведува дека поради инцидентите предизвикани со забранети пиротехнички средства приведено е 51 лице, а пријавени се други 277 луѓе, а новниот број се зголемува.

Од повредените 43 се малолетни лица, додека оваа бројка минатата новогодишна ноќ изнесувала 41 повреден малолетник. Но, во пораст се бројките на уапсените и пријавените, односно 51 во однос на 45-те приведени минатата година, и 277 пријавени наспроти ланските 197.

Во прославата на новогодишната ноќ животот го загубил млад маж во централниот регион Марка. Дваесет и седимгодишникот во Асколи Пичено паднал од ѕид, обидувајќи се да спречи ширење на пожар, откако остатоците од огнометот запалиле сув четинар. Во Милано 23-годишен маж додека славел на улица со пријателите подигнал од земјата неексплодирана пиротехничка направа која случајно му се активирала во рацете, што довело до ампутација на десната рака и повеќекратни повреди на лицето и долните екстремитети. Исто така во Милано 4-годишно момченце, додека било во дворот, се доближило до неексплодирана петарда која ненадејно експлидирала, поради што останало без едно прсте. И 14-годишник во миланско преградие бил подложен на операција на левата рака и поради изгореници од прв степен на долните екстремитети, откако собрал неексплодирана петарда на улица која му пукнала во раката.

Ова е првиот смртен случај на новогодишната ноќ во Италија по 2013 година. Вкупниот број настрадани со години не се менува, но споредено со минатата година е намален за 12 лица. Трагичниот рекорд е забележан во 2014 година, кога со различни повреди и изгореници биле хоспитализирани 361 лицe.

Традицијата да се прославива доаѓањето на Новата година со масовни огномети и петарди во Италија и годинава не бепе спречено со забраната за употреба на пиротехника која ја донесоа властите на голем број големи градови, како Рим, Милано, Торино и Болоња.