Еден загинат во престрелката во Куманово

Едно лице им подлегнало на повредите здобиени во престрелката којашто во средата вечерта се одигра во Куманово, во населбата Диво насеље во којашто се ранети уште три други лица, пренесува телевизијата Алсат-М.

Како што објави телевизијата, станува збор за извесен Веби Максути.  Тој бил пренесен во Клиничкиот центар во Скопје откако се здобил со рана од огнено оружје во инцидентот.

На вооружениот иницидент му претходела вербална расправија меѓу членови на семејствата Латифи и Максути, која потоа  ескалирала во вооружен инцидент.

Според првите неофицијални информации едно од повредените лица се здобило со прострелна рана од огнено оружје и е во животна опасност, а друго е повредено со остар предмет.

Вооружената престрелка се случила нешто пред 19 часот во близина на маркетот „Арди“, кога лицата идентификувани од полицијата со иницијалите Ф.Л. (61) и В.Л. (46) пукале со огнено оружје кон лицата В.М., Џ.М., Р.М. и М.М. кои се здобиле со повреди.