Попладнево околу 18 часот во тешка сообраќајна несреќа на магистралниот пат Кичево_Гостивар, кај Зајас, едно лице го загуби животот.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на местото се прави увид, а сообраќајот на овој патен правец е во прекин.
Според неофицијални информавии во сообраќајката учествувале мотор и возило со охридски регистарски таблици.