
Жител на селото Љуботен го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа која се случила на локалниот пат населба Бутел – село Љуботен.
До сообраќајката дошло кога „голф“ управуван од Нуредин .Н(33) од Љуботен се судрил со „пасат“ управуван од В.С.(31) од истото село.
Во незгодата на самото место починал Нуредин, а со тешки телесни повреди се здобила сопатничката во “пасатот” И.Р(53), додека со телесни повреди се здобил возачот В.С.