Еденo лице загина и двајца се повредени во сообраќајка на патот Куманово-Крива Паланка

Едно лице почина, две се повредени во сообраќајна несреќа што се случила денеска на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка во близина на Страцин, потврди СВР Куманово.

Во сообраќајната несреќа која се случила во 9.40 часот учествувале две патнички моторни возила „фиат пунто“ со кумановски регистарски ознаки.

Двете повредени лица се пренесени во Ургентниот центар во Скопје.