Албанскиот премиер Еди Рама, најави дека ќе го тужи косовскиот премиер во заминување Рамуш Харадинај за клеветата дека „ќе дели десет милијарди евра за поделбата на Косово со Вучиќ и Тачи“, јавуваат косовските медиуми, пренесува Н1.
Покрај ова, според КоСев, албанскиот премиер откри и што наводно му кажал францускиот претседател Емануел Макрон во Берлин на косовскиот премиер.
„Г-динот (Рамуш Харадинај) ќе мора да дојде пред косовскиот суд и да го докаже обвинението за 10 милијарди што јас, претседателот Тачи и претседателот на Србија Вучиќ би го поделиле“, рече Рама синоќа во емисијата ,,Мислење“, пренесува весникот „Метро“.
Како што изјави Рама, ова не е првпат Харадинај да „лаже“ за него.
,,Тој лажеше бескрупулозно кога се вративме од Берлин, велејќи дека во тоа време во Берлин сум вршел поголем притисок од другите за да ги укине таксите кон Србија. Никогаш не му реков такво н ешто, јас само реков, Рамуш оваа понуда на Емануел Макрон доаѓа само еднаш, не двапати “, објасни Рама.
„Тој беше во можност да му даде на својот народ визна либерализација затоа што Макрон во Берлин, пред моите очи, во присуство на Меркел, Тачи, Вучиќ, Брнабиќ експлицитно рече:„ Рамуш, дајте четири месеци за мене и Меркел да се вклучиме во дијалогот и да суспендирајте ги таксите “, никој не му рече да се укинат, ,,Србија да престане со одолговлекувањето на признавањето и по четири месеци, ако ништо не се случи , јас ќе ставам вето и Косово ќе добие визна либерализација“-рече Макрон. ,,Му реков да прифати”. , откри Рама.
По враќањето од Берлин и откако заврши самитот, Харадинај го обвини албанскиот премиер Еди Рама дека го замолил да ги укине таксите и дека „разумно се сомнева“ дека Рама, заедно со српскиот претседател, Александар Вучиќ, косовски претседател, Хашим Тачи под раководство на претставничката на ЕУ Федерика Могерини, наводно, разговараат за поделба на Косово.
Овие обвинувања на косовскиот премиер беа отфрлени од неговиот албански колега, велејќи дека тој не го замолил Харадинај да го укине данокот, туку наместо тоа, го поддржал во неговата полтика.
Додека, кога станува збор за „разумното сомневање“ на Харадинај дека „тајно работи на демаркацијата“, тој рече дека „секој човек со малку ум во главата знае дека тоа е лага“.
„Ако се најдат толку будали, кои би поверувале дека процес во кој се вклучени не само две држави, туку државите во светот, парламентите, политичките партии, општествата и на крајот тоа ќе се гласа на референдуми, може да биде тајно спроведен од некои лица, тогаш овој свет заврши “, рече Рама, пренесе Коха.
„Но, мислам дека секоја личност со малку ум во главата верува дека ова е лага“, додаде албанскиот премиер.
Наводите на Харадинај беа негирани и од Могерини.
„Ние не сме дел од никаков заговор, туку само посредуваме да создадеме атмосфера и простор за обете страни да седнат на маса“.
Могерини, исто така, ги негираше обвинувањата на косовскиот премиер дека германската канцеларка презела медијаторска улога во дијалогот Белград-Приштина, велејќи дека ЕУ сè уште е посредник.