Еди Рама: Во Јадранско-јонската група да влезат Македонија и Косово

Албанскиот премиер Еди Рама и претседателот на албанското собрание Илир Мета на Конференцијата на претседателите на парламентите на земјите членки на Јадранско-јонската група,  што се одржува во Тирана, го изнесоа ставот на официјална Тирана дека поради тоа што оваа иницијатива е многу битна за регионот, во неа треба да се опфатат и Македонија и Косово.

„Оваа иницијатива ќе биде целосна, доколку во неа бидат вклучени и Скопје и Приштина“, нагласија во поздравниот говор на конференцијата Рама и Мета, пренесувајќи го ова официјално барање на Албанија до Конференцијата .

На средбата учествуваат претставниците на членките на оваа иницијатива: Грција, Словенија, Србија, Црна Гора, Хрватска.