Единаесет малолетници претепале врсник

СВР Скопје поднесе кривична пријава против 11 малолетници од Скопје, од кои 10 на 15-годишна возраст и еден на 16 години, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.

На 15.03.2022 околу 16.30 часот во двор на основно училиште на ул.„Индира Ганди“, пријавените физички нападнале малолетник.