Единаесет мртви во експлозија во Пакистан

Најмалку единаесет лица се убиени а уште дваесет се ранети во експлозија во петокот на автомобил бомба во југозападниот град Квета, соопштија локалните власти.

Автомобилот бомба експлодирал недалеку од канцеларијата на покраинскиот началник на полицијата во градот Квета, административен центар на покраината Балучистан.

„Досега има единаесет мртви и дваесет ранети. Меѓу загинатите се четири полицајци, а тројца од повредените се во критична состојба“, изјави за AFP, Фаред Ахмед, главен лекар во локалната цивилна болница.

Од силната експлозија скршени биле стаклата на прозорците на околните згради. Засега не е познато дали станува збор за самоубиствен напад, и покрената е истрага.

Во Балучистан кој е истовремено и најнаселената и најмалата покраина во Пакистан, дејствуваат и многу радикални исламистички групи, вклучувајќи ја и глобалната терористичка мрежа Ал Каеда, секташки екстремни организации како и локални сепаратисти кои бараат независност.

Покраината Белучистан која излегува на Арапското Море, е богата со гас, нафта и минерали, но сепак е најсиромашна. Од минатото лето повторно се разгоре насилството врз локалното шиитско население, од страна на талибаните и џихадистите од Исламската држава, а владее и локален бунт.

Сепаратистите во Балучистан од 2004 година бараат независност на оваа неразвиена покраина којашто има инаку силен потенцијал за развој. Цел на бутновничките напади се главно припадниците на пакистанската полиција и безбедносните сили.